Полнети домати на рибарски
    За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:

- 4 домати
- 100 гр. лосос
- зелена салата
- магдонос
- 2 кисели краставици
- 400 гр. руска салата
- 1 лимон

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 10- тина минути.

На даската за сечење на доматите им ја отсекуваме горната страна од каде што е рачката. Потоа доматите ги длабиме за полнење. Издлабените домати ги полниме со руска салата. На чинијата за сервирање, ставаме лист зелена салата. Врз листот салата ги ставаме полнетите домати. Парчето лосос го сечкаме на помали парчиња во форма на ленти. Лентите ги редиме во круг, формирајќи цветови со кои ги украсуваме полнетите домати. Доматите ги украсуваме и со едно гранче магдонос, а чинијата со половинки кисела краставица, засечени во форма на лепези. Декорацијата ја завршуваме со кришки лимон.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете розово вино.

Добар апетит.